Патувајте по ваш вкус
Покрај фактот дека секое патување е вистинско искуство само по себе, едно е сигурно — имате многу поголема слобода со автомобилот. Одете таму каде што ве води вашата имагинација и посетете ги атрактивните знаменитости на градовите со мали градски автомобили, истражете ја недопрената природа со помош на теренски возила или опуштете се во удобноста на лимузина.
Ваше е да го замислите најдоброто за вашето патување, а ние ќе ви помогнеме да го остварите тоа. За да го искористите максимумот од вашите деловни и туристички патувања Visa и Rentalcars.com ви даваат попуст за изнајмување автомобил.
Rentalcars.com е глобална онлајн платформа на која можете да најдете широк спектар препознатливи имиња за изнајмување автомобили на едно место.
За да добиете 10% попуст при изборот на автомобил на Rentalcars.com, потребно е:
1. Посетете го нивниот сајт преку линкот
2. Изберете го автомобилот што сакате да го изнајмите
3. Кога правите резервација, користете ги деталите за вашата Visa Premium картичка
Цената за изнајмување ќе се пресметува автоматски, вклучувајќи го и попустот. Visa и Rentalcars.com го прават вашето патување удобно како во вашиот сопствен автомобил.


Во соработка со платформата Rentalcars.com, Visa им нуди на своите premium корисници можност да се поврзат со голем број светски и локални компании за изнајмување автомобили, како и да ја запознаат саканата дестинацијата на комфорен начин.
Од различниот асортиман на возила, изберете автомобил кој совршено ќе се вклопи во потребите на вашето патување. Tргнете на патување со знаење дека имате слобода да одлучите каде ќе поминете време, како и кога. Откријте нови пејзажи и стекнете нови искуства.
Попустот важи во согласност со Специфичните услови наведени подолу.
Специфичните услови на понудата го вклучуваат следново:
- Со Visa Gold, Visa Platinum, Visa Signature, Visa Infinite, Visa Business, Visa Platinum Business и Visa Signature Business картички, добивате 10% попуст кога го резервирате вашиот автомобил онлајн на Rentalcars.com платформи. Понудата важи до 15 јуни 2027 година.
- Припејд картичките може да се користат за резервирање и плаќање, но не и за подигање возила во агенција за изнајмување. За да го подигне автомобилот, потребно е возачот да приложи кредитна картичка кога го остава депозитот (припејд и дебитни картички нема да бидат прифатени).
- Не е предвидена неопходна минимална сума при изнајмување на автомобил.
- За да добиете попуст, треба да направите резервација на автомобил преку линкот https://www.rentalcars.com/affiliateCode=visainter999&enabler=visame. Директните резервации на страницата www.rentalcars.com не подлежат на попуст.
- Попустот важи само за онлајн резервации и плаќања, а не за плаќање на лице место.
- Кога корисникот е на страницата за наплата и ги внесе податоците од неговата Visa картичка, попустот автоматски ќе биде вклучен во цената.
- Понудата не е достапна на следните дестинации: Остров Буве, Екваторијална Гвинеја, Реунион, Сиера Леоне, Света Елена, Јужен Судан, Мајот, Авганистан, Либерија, Централноафриканска Република, Еритреја, Гвинеја-Бисао, Ирак, Мадагаскар, Палестина, Сао Томе и Принципе, Сомалија, Судан, Свазиленд, Западна Сахара, Јемен, Бурунди, Комори, Екваторијална Гвинеја, Туркменистан, Иран, Лесото, Русија, Сирија, Либија и Белорусија.