Visa Secure ја користи спецификацијата EMV®3-D Secure со цел да го унапреди корисничкото искуство на е-трговијата и да ги поддржи трговците во намалувањето на бројот на купувачи, кои се откажуваат пред крајот на купувањето
Скопје, 22. април 2020 – Компанијата Visa, светски лидер во дигитални плаќања, ја претстави Visa Secure (порано позната како Verified by Visa), напредната програма за зголемување на безбедноста на онлајн плаќањата. Visa Secure е осмислена на начин што обезбедува поголема заштита од измами, максимално ја олеснува постапката за плаќање и го зголемува процентот на извршени купувања, нудејќи подобро искуство на сите учесници.
Visa Secure ја користи најновата спецификација EMV 3-D Secure (3DS), прифатена на ниво на сите активности како протокол за размена на пораки, со цел полесна автентикација на купувачот. Оваа спецификација им овозможува на купувачите да го потврдат својот идентитет кај банката или кој било друг емитент, при е-трговија или онлајн плаќања без присуство на платежна картичка (CNP). Дополнителниот безбедносен слој помага во спречување на неавторизирани CNP трансакции, како и заштита на трговецот од CNP измами.
„Visa веќе 20 години им помага на онлајн трговците и емитентите да ги идентификуваат потенцијално измамничките трансакции со помош на стандардот 3DS. Е-трговијата е во пораст во Македонија1. Купувачите очекуваат да бидат непрекинато поврзани преку своите мобилни уреди, како и трговците да им обезбедат сигурно и непречено искуство при плаќање. Тука на сцената настапува новата програма Visa Secure, која на емитентите и трговците им нуди подобрување на можностите за откривање на измами при е-трговија, а на корисниците на картички, полесна постапка при плаќање“, кажа Владимир Ѓорѓевиќ, генерален директор на компанијата Visa за Југоисточна Европа.
Visa Secure на трговците им нуди напредната заштита од измами, со кое на емитентите доставува и до десет пати повеќе податоци, со цел подобра анализа на ризикот и напредно носење одлуки. На тој начин и трговците и емитентите полесно и поефективно ги откриваат и избегнуваат измамите. Купувачите добиваат и предност на поелегантно и доследно корисничко искуство при подеднакво безбедно плаќање, по пат на многубројни канали, како мобилен телефон, апликации и дигитален новчаник.
Оваа програма, која е достапна ширум регионот на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка (CEMEA), подразбира низа правила и политики кон кои треба да се придржуваат трговците и банките емитенти, со цел да се изврши автентикација на трансакцијата за е-трговија и да се потврди идентитетот на корисникот пред одобрувањето на трансакцијата.